Обвинителите на северот на Полска денес ја сослушуваат жената која што е осомничена дека ги убила своите три новороденчиња, чии тела беа пронајдени во замрзнувач.
Портпаролот на полицијата Славомир Нојман, соопшти дека Лучина Д (41) од Лубав признала дека ги убила своите новороденчиња.
Таа истакнала дека ги чувала телата во замрзнувач, бидејќи не можела да се одвои од нив.
Доколку биде обвинета за убиство може да добие доживотна казна затвор. Форензичарите се обидуваат да ги утврдат причините за смртта на бебињата, а полицијата ќе го сослуша и мажот на Лучина.
Елена Георгиевска