Спиев и ништо не видов. Мојата покојна мајка секогаш велеше, еден ден ќе те украдат додека спиеш.
Не знам што се случи со Љубиша, тој беше добар човек и пријател, изјави единствениот преживеан од селото по вчерашниот масакр.
25-годишниот Александар Стенкиќ е единствениот кој го преживеа страшниот масакр кој вчера Љубиша Богдановиќ го изврши во селото Велика Иванча во Србија, при што усмрти 13 лица меѓу кои и двегодишно дете.
– Не знам ништо бидејќи спиев. Имам цврст сон и кога заспивам тешко се будам. Мојата мајка често знаеше да каже еден ден ќе те украдат додека спиеш и нема ништо да почувствуваш. Станав околу 6 часот и ја видов мајка си како лежи облиена во крв. Останав жив само бидејќи веројатно имав среќа, вели Александар.
– Бев во шок кога дознав што се случило утрото. Љубиша беше добар и домаќин човек. Сега веќе ништо не е важни, низ солзи вели човекот.