Полицијата во Калифорнија соопшти дека шест лица биле повредени со огнено оружје на „голема“ забава, и покрај наредбата да се седи дома.
Пукањето се случило во петокот вечерта во станбен блок во Бејкерсфилд, соопшти локалниот шериф.
Повредените, четири жени, еден маж и една девојка, биле примени во болница со повреди опасни по живот.
Нема уапсени, но четворица мажи кои се забележани како бегаат со автомобил се осомничени дека го извршиле нападот.
Во тек е истрага за нападот.