Мајката на еден од најпознатите светски фудбалери Нејмар, Надин Гонсалвес преку социјалните мрежи објави фотографија со новото момче. По разделбата со нејзиниот сопруг, Надин вплови во романса со момче кое има 22 години, од неа помлад 30 години, а од нејзиниот син Нејмар, шест години.
Многумина очекуваа да видат како на оваа врска ќе реагира познатиот фудбалер, но по се изгледа Нејмар нема никаков проблем. Очигледно уште помалку е загрижена неговата мајка која јавно ја објави фотографијата со нејзиното момче под која напиша:
Необјаснивото не може да се објасни, ако живееш…
Фотографијата ја коментираше и Нејмар кој напиша:
-Уживај мамо, те сакам!
Во целата приказна се вклучи и таткото на Нејмар кој ја поддржа бившата сопруга.