Кинеската полиција приведе најмалку 10 лица за ширење гласини, поврзани со новиот вид на вирусот на птичји грип, што според последните податоци го однесе животот на девет лица, пренсоа британските медиуми.
Апсењата се извршени во шест провинции.
Полицијата соопшти дека приведените на Интернет „закачувале“ неточни информации за новите случаи на заразата.
Триесет и едно лице се заразени од видот Х7Н9, што за прв пат разболува луѓе.