Sвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, напиша на Инстаграм дека може да постигнува 60 поени против кој било клуб во НБА, доколку првенството се обнови.
Бекот веќе неколку месеци ја лекува повредата, што влијаеше на перформансите на неговиот тим.
Поранешниот соиграч Џавал Мекги е категоричен, дека Стеф нема да може да постигне таков резултат.
Индивидуалниот рекорд на Кари беше 54 поени во поразот од Њујорк на 27 февруари 2013 година.