Спасовски: Со олеснување ги примив резултатите дека Заев и Мицкоски се негативни на коронавирусот

Од:

„Со олеснување ги примив резултатите со кои се потврдува дека лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски имаат негативни резултати на тестовите за КОВИД-19“, напиша на својот профил на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

„Им посакувам и периодот на самоизолација да го поминат во добро здравје.На новинарот Гоце Михајлоски му посакувам успешно справување во битката со вирусот и многу бргу да им се врати на своите професионални задачи, меѓу кои е и нашата заедничка битка против заканите од коронавирусот. Сега е херојски да се остане дома и да се почитуваат препораките за претпазливост. Сите сме еднакви изложени пред опасноста и тоа треба да не обедини за да го запреме ширењето на вирусот зашто оваа битка ќе ја добиеме само заедно“, напиша Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација и на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата

А1он

Спасовски: Славевски нема да добие поддршка од опозицијата

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски

Акција на Финансиката полиција, осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски