Во време на епидемија на коронавирус во САД, рејтингот на претседателот Доналд Трамп се искачи на максимално ниво по стапувањето на функција, иако неговата работа ја одобруваат само половина од Американците, се дознава од најнова анкета закажана од Фокс њуз.
Според анкетата спроведена од 4 до 7 април, рејтингот на Трамп е 49 проценти, споредбено за време на неговата инаугурација во јануари 2017 година кога бил 48 проценти. Неговиот просечен рејтинг е 45 проценти, додека најнискиот од 38 проценти бил забележан во октомври 2017 година.
Анкетата, сепак, укажува на поделено мислење во општетсвото во однос на работата на претседателот. Во април, 49 проценти од Американците ја поддржуват неговата работа на функцијата шеф на државата, а 49 проценти не ја поддржуваат. Останатите два отсто испитаници не изразиле мислење.
Поддршката за Трамп и за демократскиот кандидат за претседател, поранешниот потретседател Џо Бајден, е исто така поделена. Според анкетата, секој добил по 42 проценти поддршка.
-Во време на пандемија на коронавирус, анкетата покажа дека Бајден не доби можност да ги сплоти гласачите зад себе и да изгради ентузијазам, после големата победа на примерните избори во март, изјави демократот Крис Андерсон, чија фирма, “Бикон рисрч“, ја спроведе анкетата на Фокс њуз заедно со републиканецот Дерон Шо.
– Американците од сите политички бои сега имаат единствен непријател – коронавирусот, и најисправна работа за Бајден, од гледна точка на јавното здравје, е да остане дома. Тоа е тешка одлука за неговата кампањата, вели тој.
Сепак, според Политико, резултатите од оваа анкета се разликуваат од низа испитувања на јавното мнение објавени во средата, кои покажуваат генерален тренд на недоверба кон претседателот.
Анкети на Монмаут, Политико и „Морнинг консулт“, Си-ен-ен и Куинипак универзитет, укажаа на тоа дека повеќе испитаници не ја одобруваат работата на Трамп. Кај некои разликата е и до пет проценти, наведува изданието.