Еден пензионер од Катамарк, привлечен од ниската цена на две “кучиња со педигре”, во Аргентина наречени “бразилски глувци”, бил шокиран кога истите ги однел на ветеринар поради вакцинација и таму дознал дека всушност за 150 долари купил две ласици, на кои што веднаш по раѓањето им биле дадени стероиди за да пораснат поголеми и да имаат повеќе крзно.
Сличен случај бил забележан и во Буенос Аирес, кога жена исто така во заблуда, сакајќи да купи чивава, дома се вратила со ласица. Обично цената на овие домашни миленичиња во “кучешка верзија” во САД се движи околу илјада долари, додека пак ласиците чинат само 75 долари.