Мечка со две мечиња направи прошетка крај езерото во градот Костур

Од:

Забраната за движење на граѓани и полицискиот час од 20 до 8 часот што се во сила во грчкиот град Костур, се чини дека беа добра можност мечка заедно со нејзините две мали мечиња, доцна синоќа да се прошетаат во делот крај езерото, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, конкретниот дел од езерото во Костур, во нормални услови е шеталиште и е полно со граѓани.

Мечките биле забележани од жителите на градот кои веднаш ја известите групата за интервенции, а одговорниот на тимот, Никос Панајотопулос за грчката агенција АНА-МПА, објаснува дека карантинот во комбинација со недостигот на храна создале услови мечката заедно со малите мечиња да дојдат во градот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Последната снимка од настраданиот пејач е направена шест минути пред несреќата

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

И стигна пакетот со облека, го отвори и ја касна отровна скорпија

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ