Град Скопје нема да постапува по опомените за данок на имот и фирмарина за 2019 година

Од:

Град Скопје ги информира граѓаните дека решенијата за данок на имот и фирмарина кои пристигнуваат на нивните адреси беа испратени пред да се случи епидемијата со коронавирусот во нашата држава, а поради новонастанатата состојба, нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници.

Како што информира Град Скопје додека трае вонредната состојба, нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

– Сакаме да напоменеме дека сите случаи кога даночни и таксени обврзници нема да добијат решенија или во решенијата ќе забележат недостатоци и неправилности, ќе се решаваат по укинување на вонредната состојба, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот