Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од утре, согласно одлуката на Влада за забрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.
Јавниот превоз нема да функционира од петок (10.04.2020 год) од 16 часот, до понеделник (13.04.2020 год) до 5 часот. Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.
Утре јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред. Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.
Од четврток (9.4.2020 год), па секој работен ден сè до наредните измени, јавниот превоз ќе сообраќа од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот.
Во работни денови, од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени.
Билетарници
Од 7:30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.
Центри за персонализација
Отворени од 7:30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит-пазар и центарот на Транспортен центар.
За време на викенд, сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени.