Во просториите на Македонската кошаркарска федерација поладнево беа извлечени полуфиналните двојките за Купот на Македонија во женска конкуренција.
Завршниот турнир во ова натпреварување ќе се одржи во Делчево на 13 и 14 април.
Во првото полуфинале, на 13 април од 17 часот и 30 минути ќе играат Кросиг – Бадел, а истиот ден во второто полуфинале од 20 часот е средбата Клубски – Вигор.
Како увертира во сениорското финале предвидено за 14 април, ќе се одигра финалниот натпраевар за младинки (до 18 години) во кое ќе се сретнат Бадел и Кросиг.