(ВИДЕО) Бухова: Медицинските лица да ги почитуваат протоколите за самозаштита, граѓаните да им веруваат

Од:

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според неа, досега се почитуваат протоколите за работа кои од појавата на коронавирусот ги воспостави Министерството за здравство по барање на Кризниот штаб. Бухова побара и од здравствените работници максимално да се придржуваат до протоколите за употреба на средствата за лична самозаштита.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 2 до 5 април спроведе 66 инспекциски надзори во целата држава. Контактирано беше дека во главно се почитуваат мерките за заштита на здравствена заштита на здравствените работници“, рече Бухова.

Таа упати порака до медицинските лица, дека заштитувајќи се себеси, ги заштитуваат и своите најблиски.

„Ковид-19 не исправи пред предизвик, можеби, на столетието. Секој од нас, доктор, сестра, медицински техничар, лаборант, терапевт и сите оние технички служби кои придонесуваат кон секојдневна извршување на пружање на здравствена заштита, дека се неопходни, безусловно потребни и исправени пред овој голем предизвик. Апелирам максимално почитување на протоколите за употреба на средствата за лична самозаштита, бидејќи со носење на истите, прво се заштитувате себеси, потоа ги заштитувате своите најблиски и останувате способни да се борите за животите на пациентите“, рече директорката на ДСЗИ.

Бухова побара од граѓаните да им веруваат на докторите и медицинските лица, бидејќи во овие моменти, тие го даваат својот максимум во борбата со коронавирусот.

„ДСЗИ ќе продолжи интензивно со контроли и санкционирање за непочитување на мерките од страна на здравствените работници кои не се придржуваат до протоколите за работа. Апелирам сите донатори, своите донации да ги пренасочат кон здравствениот систем и здравствените работници, кои деноноќно посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани“, додаде Бухова.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on