ДОМ: Со вонредни инспекции да се заштити животната средина и здравјето

Од:

Зелената партија ДОМ апелира до инспекторатите за животна средина и комуналната инспекција да спроведуваат вонредни контроли и да ги санкционираат активностите кои ја загадуваат животната средина.

„Загрижуваат информациите споделени на социјалните мрежи за загадување на водата во т.н. Усјански канал, како и за неконтролирано одлагање градежен шут на повеќе локации во Скопје, особено во општините Ѓорче Петров и Гази Баба.

За да се овозможи поефикасна инспекциска контрола, бараме во најкус временски рок, на инспекторите за животна средина и комуналните инспектори да им се издаде одобрение за движење за време на полицискиот час“, велат од ДОМ.

– Животната средина е директно поврзана со здравјето на граѓаните. Во овој период кога се соочуваме со најголемата здравствена закана предизвикана од коронавирусот, неопходно е да се спроведуваат сите мерки за заштита на животната средина, се додава во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски