Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по претежно суви коловози. Внимателно возење се препорачува низ клисурите, каде има можност од појава на одрони особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини поради ситуацијата со коронавирусот се затворени освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.