Ако не се почитуваат постојните, Владата ќе предложи построги мерки за ограничување на движењето

Од:

Владата има разработени сценарија со мерки кои се порестриктивни од досега воведените, а доколку се наметне потреба, истите ќе се активираат. Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски, кој повика на одговорност од страна на секој поединец.

Според него, најголем патриотизам во овој период е да се почитуваат мерките донесени од Владата.

„Има разработени сценарија и може да имаме уште мерки кои ќе бидат воведени. Повикувам граѓаните да не постапуваат неодговорно, за да видат дали ќе воведеме нови мерки. Колку поодговорни ќе бидеме, толку полесни мерки ќе имаме, но и помалку негативни ефекти. Зависно од тоа како ќе се однесуваат граѓаните, колку ќе ги почитуваат досегашните мерки, толку повеќе мерките ќе бидат намалени или зајакнати. Ако некој граѓанин мора да биде во самоизолација, нека биде во самоизолација. Ако се определи ограничување во движењето, нека се почитува, тоа е најголем патриотизам во овој период. Секој сет на нови мерки нека биде за подигнување на јавната свест“, посочи Спасовски.

Според него забраната за движење во викендите, треба да го спречи одењето на излетнички места, како што се случувало досега.

„Во однос на тоа дека се движат луѓе во излетнички места, затоа се зголемува забраната за движење. Во текот на викендот ќе имаме забрана за движење во сите градови. Одговорноста на граѓаните не беше на висината на задачата. Многу лесно се преминуваше преку препораките. Јас посакувам овие мерки да ги дадат ефектите“, додаде Спасовски.

Министерот Венко Филипче вели дека поради празниците и сончевото време во идниот период, морало да се постапи на овој начин и Владата да одлучи да воведе нови забрани за движење.

„Со оглед на тоа што епидемијата го смени текот и динамика на која се одвиваат работите, токму затоа Владата донесе мерки. Беше забележливо дека и досега во една фаза граѓаните не ги почитуваат мерките. Имаме факт дека има убаво време и празници, затоа се предложија овие мерки за дополнителна рестрикција на движењето. Свесни сме дека социјалната дистанца не е во природата на човекот, но тоа ни е нaјпотребно во интерес на колективното здравје“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Спасовски до Гаши: Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието

ДУИ „игра“ за ВМРО-ДПМНЕ, нема да им ги гласаме интерпелациите рече Спасовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Власта штанца закони по итна постапка

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните