ВИДЕО: Кој е човекот кој уби 13 луѓе во Србија

Од:

Љубиша Богдановиќ кој изутринава уби 13 свои соседи во местото Велика Иванча кај Младеновац во Србија, досега немал полициско досие, пренесува српски Блиц. Полицијата истражува поради што овој мирен човек како што го опишуваат преживеаните соседи, го извршил ова ужасно злосторство.

ubistvo-srbija-08

Како што извести директорот на полицијата, 60-годишниот Богдановиќ во деведесеттите бил на боиште во Славонија. Тој имал дозвола за оружје уште од 1981 година. Директорот на полицијата наведува дека тој и неговиот син останале без работа минатата година.

ubistvo-srbija-09

-Нема ни здравствен картон. Немаме евиденција дека се работи за човек кој можел вакво нешто на направи. Сите зборуваат дека се работи за сосема нормален човек, вели директорот на полицијата.

Според соседите, убиецот никогаш немал ниту конфкликт со некој во селото.

Според официјалните податоци, Богдановиќ пукал во себе кога ја видел полицијата пред својата куќа.

Портпаролот на Брзата помош Нада Мацура изјави дека Богдановиќ не бил психички болен, и не знае што го натерало на убиството. Според неофицијални податоци, таткото и чичкото на убиецот, пред повеќе години извршиле самоубиство од непознати причини.

Би можело да ве интересира

Српските граѓани добиваат СМС од полицијата: Бидете внимателни и следете ги упатствата на надлежните органи

Горан Наумовски

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек

Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Горан Наумовски

Србија против Албанија без навивачи

Два земјотреси ја погодија Србија: Првиот беше послаб, а потоа следеше посилниот