Полицијата во Пирот соопшти изутринава дека во соработка со надлежното обвинителство за сузбивање на финансиски криминал, ги привела директорите на компанијата „Тигар“, кои се осомничени за финансиски малверзации.
Полицијата ги приведе Јелена Петковиќ, Драган Николиќ и Миливоје Николиќ, поради основано сомневање дека извршиле кривично дело злоупотреба на службената должност.
Тие се осомничени дека во периодот од 2007 до 2012 година противправно присвоиле околу 277 милиони динари (1 евро се менува за 111 динари), се наведува во соопштението.