Белата куќа ги поздрави напорите на Русија и Кина, за намалување на тензиите околу Северна Кореја, откако тие изјавија дека ќе влијаат Пјонгјанг да го смени своето однесување.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, изјави дека ги поздравуваат напорите на Пекинг и Москва, да го поттикнат Пјонгјанг да се воздржи од провокативните реторики и закани.
Тој додаде дека САД ќе продолжи да работи со своите партнер, а ќе и укаже на Северна Кореја дека треба да ги почитува меѓународните обврски, пренесе „Франс прес“.
Елена Георгиевска