(ВИДЕО) Масакр во Србија: Убиени 13 луѓе

Од:

Со истрели од огнено оружје маж рано изутринава уби 13 луѓе во местото Велика Иванча, кое се наоѓа меѓу градовите Младеновац и Топола во Србија, соопшти директорот на српската полиција, Милорад Вељовиќ.

Според него, 12 лица се убиени на самото место на инцидентот, а едно им подлегнало на задобиените повреди во Ургентиот центар во Белград.

– Две лица се борат за живот. Меѓу нив најверојатбо е и сторителот на ова ужасно злосторство, рече Вељовиќ.

Дежурниот лекар во службата за Брза помош во Младеновац, Васиљ Жмико за Танјуг изјави дека две лекарски екипи заминале на местото на инцидентот од каде во Белград, пренеле тројца ранети.

Жмико информира дека во Службата за брза помош повикот за испраќање медицински тимови во Велика Иванча бил добиен околу 5:40 часот.

Танјуг претходно јави дека 13 лица се убиени во Велика Иванча кога 60-годишниот Љубиша Б. од огнено оружје пукал врз луѓето во негово соседството, убивајќи шест мажи, шест жени и едно новороденче.

Напаѓачот потоа стрелал и во неговата сопруга во обид да ја убие и на крајот се застрелал и себеси. Според болнички извори, убиецот и неговата сопруга се задобиле со прострелни рани и се наоѓаат во критична здравствена состојба.

Полициската истрага на местото на инцидентот е во тек.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ