Ховит: Успеав со Резолуцијата, сега е време да започнат преговорите со ЕУ

Од:

Европратениците во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) денеска гласаа со повеќе од 3:1 во корист на тоа Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ годинава без одложување и тоа е огромно постигнување. Јас сум горд што сум дел од тим кој помогна да се договори решение за крај на политичката криза во Скопје.

Ова во изјава за дописникот на МИА од Брисел го потенцира известувачот за Република Македонија од ЕП, Ричард Ховит, по денешното изгласување на Резолуцијата за земјата во АФЕТ.

Ховит потенцира дека според неговото дадено ветување, ЕП ќе исгласа извештај во позитивна и конструктивна рамка, со оглед на тоа што оваа Резолуција идната недела (17 април) во Стразбур ќе треба да биде изгласана на пленарна седница на Европарламентот.

На прашањето дали очекува Европската комисија да ја следи оваа позитивна препорака и да го стори истото идната недела во Специјалниот извештај за Македонија и Советот во јуни конечно да ги отвори пристапните преговори, Ховит со одговор: – ЕП денеска на АФЕТ апелираше и бараше ЕК да ја даде таа позитивна препорака и апелира и бара од Европскиот совет да се согласи со истата. По четири години давање на препораки за почеток на преговорите од ЕК, веќе е време преговорите да се отворат оти не говориме за земја што сега конкурираше за приклучување кон Унијата, туку за земја што е на стартната патека за почеток на преговорите одамна, вели британскито европратеник.

За тоа дали очекува жестока реакција од Македонија на компромисниот амадман 8, пред се, во врска со употреба на зборот “антиквизација“ што е навреда кон проектот “Скопје 2014“ за кој има огромна поддршка од граѓаните во Македонија, а тој збор го користи само грогираната македонска опозиција, Грција и Бугарија со цел да ги навредат Македонците, известувачот ќе рече: – Ќе се вратам внимателно на претходното гласање на ЕП минатата година и ќе ве потсетам дека и тогаш, исто така, го користевме зборот антиквизација и тоа не предизвика бура реакции во македонската јавност и во медиумите од вашата земја. Луѓето треба да сфатат дека лани во мојата прва година како известувач, Европската комисија одбиваше да ја користи придавката “македонски“. Слушајќи ги тие критики, јас ги натерав Европарламентот и Комисијата да ја сменат таа политика и да ја прифатат придавката. Не мислам дека некој во земајта треба да ме смета за нешто друго освен за конструктивен пријател, вели тој.

На констатацијата дека во оваа Резолуција повторно се гледа неговата борба и борбата на ЕП за некакво бугарско малцинство во Македонија и на прашањето дали истата енергија и напори ќе ги употреби да издејствува и признавање на македонското малцинство во Бугарија и Грција со сите права што ги уживаат малцинствата во Македонија, Ховит одбива да одговори: – Нема да одговорам на тоа прашање оти јас сум за тоа земјата да оди напред и апелирам да ми се приклучат сите во таа намера. Едноставно сакам да ја внесам вашата земја во ЕУ. Тоа е избор на сите нас кои работиме на пристапувањето на земјата во ЕУ. Користиме јазик, поенти и прашања кои се конструктивни и ги зближуваат луѓето од што корист има земјата. Не бараме нешто да ги двои луѓето, неконстурктивно, аргументи што ќе ја држат земјата назад, вели на крајот Ричард Ховит.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија