Британскиот премиер Дејвид Камерон ја прекина својата штотуку започната европска турнеја и се врати во Велика Британија,поради смрта на Маргарет Тачер, соопштено е денеска во Лондон.
Камерон престојуваше претпладнево во Мадрид,на разговори со шпанскиот премиер Мариано Рахој,барајки разбирање и подршка за британската намера да се изврши реформа во ЕУ.
– Британската влада се залага за една флексибилна ЕУ во која Велика Британија и другите што тоа ке го посакаат, „не би биле заробени“ со сите одлуки и решенија што ги носи Унијата. Верувам дека ке можеме да уредиме ЕУ во која сите не ке мораме да ги правиме истите работи,на ист начин и во исто време, изјави пред заминувањето во Шпанија, Камерон.
Тој попладнево требаше да биде во Париз, на работен ручек со францускиот претседател Фрасоа Оланд,со кого осто така требаше да разговара за потребата од една пофлексибилна ЕУ,посебно за земјите надвор од еврозоната. Подоцна неделава тој требаше да престојува и во Берлин.
Во изјава за Би-Би-Си, по повод смртта на Тачер, премиерот Камерон изјави дека таа ќе остане запаметена како најголемиот британски премиер во мирно време.
– Таа не само што ја водеше Велика Британија, Тачер ја спаси нашата земја, рече Дејвид Камерон.