Хаг го ослободи Тарчуловски

Од:

Јохан Тарчуловски е ослободен од затворската казна- тоа попладнево го потпишал претседателот на Хашкиот трибунал откако адвокатскиот тим побара предвремено пуштање откако Тарчуловски го исполни еден од главните критериуми- одлежани 2/3 од казната.

Тарчуловски беше казнет на 12 години, но со денешната одлука му се намалува на осум и со тоа тој е слободен граѓанин. Можно е уште утре Тарчуловски да допатува во Скопје со оглед дека остануваат само формалностите со документацијата.

Тарчуловски последните години казната ја издржува во Германија откако од Хаг беше пренесен по правосилноста на пресудата. Тој издржуваше казна затвор за полициската акција во Љуботен и беше осуден дека ликвидирал цивили од селото. За истиот предмет одговараше и екс- министерот Бошковски, но тој беше ослободен од обвинението.

Тарчуловски беше приведен во 2005-тата година и судот оттогаш му го смета почетокот на казната. Во март годинава наполни осум години. Освен критериумот за две третини од казната, судот проценил дека Тарчуловски се однесувал пристојно и не предизвикувал инциденти. Веста од попладнево е соопштена на семејството на Тарчуловски и на адвокатскиот тим.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска