Предупредувачки штрајк во прилепски „Еурокомпозит“

Од:

Вработените во прилепската фабрика „Еурокомпозит“ денеска стапија во предупредувачки штрајк барајќи исплата на заостанатите три плати и неисплатени придонеси од јуни минатата година.

Претседателот на синдикатот Бранко Чатлески и претседателот на Гранковиот синдикат за индустрија, рударство и енергетика Пеце Ристевски побараа Владата да помогне во решавање на статусот на овој загубар.

Чатлески се надева дека прекинот во работата ќе иницира состанок за решавање на ситуацијата.

Директорот на „Еурокомпозит“  Никола Лучески изјави дека до крајот на неделата треба да биде исплатен дел на една од платите кои се по 8.000 денари.

– Во среда на Генералниот секретаријат на Владата ќе се елаборира  состојбата во компанијата. Се очекува распишување тендер за продажба како единствен спас за фирмата. До Владата имам предложено шест заклучоци, истакна Лучески.

Во „Еурокомпозит“ има 385 вработени. Од синдикатот најавуваат секојдневно по еден час предупредувачки штрајк се со исплата на заостанатите плати.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп