Во САД како последица на пандемијата без работа останаа околу 6,6 милиони граѓани.
Повеќе од 6,6 милиони Америкаци се пријавиле за помош во случај на невработеност, а тоа е многу повеќе од рекордното високо ниво на оние кои останаа без работните места минатата недела.
Тоа е знак дека отпуштањата од работа во период на новиот коронавирус се забрзуваат.
Воедно, тоа е сигнал и дека САД тонат во рецесија, а голем број компании во странство, исто така, се затворени, пренесуваат американските медиуми.