ВМРО-ДПМНЕ: Непродуктивните трошоци да запрат, капиталните инвестиции да продолжат

Од:

„Квази мерките на СДСМ оставаат илјадници граѓани без приходи. 33.000 работници во секторот туризам и угостителство, каде спаѓаат : хотели, ресторани, кафеани и кафулиња нема да добијат помош од државата за исплата на плата.

Наместо со реални мерки, СДСМ ги залажува граѓаните со импровизации. Мерките кои ги предложија стартуваат од април, март е непокриен, а тоа е месецот во кој почна кризата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Квази мерките на СДСМ се по принципот „Колку да се каже нешто“. Апелираме да ја надминат својата суета и надменост и да ги прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ за национален спас. Владата под итно да покрие 50% од платите на работниците. Не смее да се земаат пари од оние кои немаат.

Власта да ги скрати непродуктивните трошења кај сите буџетски корисници и средствата да се пренасочат за здравството.

Реализацијата на капитални инвестиции не смее да запре. Сите планирани инвестиции да се реализираат, со цел да се помогне на индустријата и градежништвото.

Потребни се реални мерки и решителни чекори, а не импровизации“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски