Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непочитување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од Јавното обвинителство.
– Еден од нив пеш, а другите со возила се движеле во Радовиш и околината, со што не постапилe според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот, информираат од Јавното обвинителство.
Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време нa епидемија, Основното јавно обвинителство Радовиш до судот поднесе предлози за издавање казнени налози за сите обвинети со предлог да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.