Мерки за геодетските компании да ги намалат штетите

Од:

Малите и средни претпријатија до 50 вработени, во чии рамки спаѓаат и геодетските компании, кои се главно семејни по стуктура, трпат големи финансиски загуби со секој изминат ден, велат од Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи каде членуваат 136 геодетски компании во кои работат 900 вработени.

Горан Јованоски, претседател на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи го истакна сетот на мерките и тоа иницијално во периодот додека трае вонредната состојба, па сè до стабилизирање на состојбата.

– Геодетските компании да бидат дел од Владиниот пакет за исплаќање на минимални плати од Буџетот, како и во регулирањето на ослободителните мерки поврзани со придонесите и другите мерки кои Владата ќе ги регулира по основ на даночната политика. Сметаме дека државата треба да изврши покривање на реалните трошоци (фирмарина, трошоци за годишно одржување на фискалните каси, струја, вода, комунална хигиена, итн.) на геодетските компании во висина од 100 проценти, понатаму итно одлагање на плаќање на данокот на додадена вредност и данокот на добивка сè до стабилизирање на состојба, наведе Јовановски.

Тој истакна дека компаниите коишто имаат кредит од комерцијалните банки, исплатата на истиот да биде пролонгирана до конечната стабилизација на состојбата.

– Следна мерка е да се стави вон сила Тарифникот за висината на надоместокот за заверка на геодетските елаборати за извршени геодетски работи како и да се стави вон сила целиот Tарифник за висината на надоместокот за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем за податоците кои ги добиваме во електронска форма. Исто така, потребно е да се стави вон сила членот 11 за увид на податоците во електронска форма и член 17 за користење на податоци од Глобалниот позиционен систем (MAKPOS), посочи Јовановски.

Претседателот на Комората наведе дека Владата треба да обезбеди финансиски средства за воспоставување на Адресен регистар кој е непходно да се воспостави на територијата на целата државата.

– Комората е цврсто уверена дека во овие процеси е потребно без исклучок да бидат вклучени сите приватни геодетски компании – членки на Комората, изјави Јованоски, додавајќи дека формирањето на адресниот модел на цела територија на државата ја обезбедува рамнотежата во сервисните реализации, коишто се базираат на просторната дистрибуција, вклучувајќи ја недвижноста, а преку неа и граѓанинот во сите просторни анализи.

Тој појасни дека станува збор за креирање на амбиент за полесно дејствување на институционалните органи (полиција, војска, брза помош, локална самоуправа, заштита на животна средина, проценители на вредност на недвижности, итн.) и индивидуални дејства со цел точно и прецизно лоцирање на секоја адреса на секој објект.

– Во комбинација со други податоци во конкретниот проблем со Ковид-19 се покажа како потреба за ефикасно просторно лоцирање на лицата заболени од истиот, односно ефикасно извршување на самоизолација и карантин, оцени Јовановски.

Тој додаде дека потребно е да се предвидат проекти за да се обезбеди работа на приватните геодетски компании, како подобрување на податоците на катастарот, обнова на премерот во сите општини каде на сила се стари премери и планови донесени со конверзија, односно дигитализирани стари планови.

– Следна мерка е да се даде можност, реализацијата на сервисите кои Агенцијата за катастар на недвижности ги врши по службена должност за потребите на физички лица, како и за потребите на Владата и другите државни институции во иднина да бидат реализирани од страна на приватните геодетски компании. Понатаму, да се формира заеднички експертен тим на Агенцијата за катастар за недвижности и Комората со намера да се лоцираат нови бизнис ангажмани на компаниите преку кои ќе се подобри квалитетот на базата податоци на катастарскиот систем со што ќе се овозможи повисока авторитативност и проширување на постојните сервисни сетови на овој систем, објасни претседателот на Комората.

Тој оцени дека за очекување е дека мерките ќе овозможат нови бизнис ангажмани на компаниите што пак директно ќе значат зголемени позитивни ефекти во нивната ликвидност и стабилна конкурентност во работењето на секоја компанија.

– Комората на геодети стои на ставот дека суштината е да не се земаат непродуктивни кредити и дополнително да се задолжуваат компаните, туку да се изнајде можност да го зголемат обемот на работа преку наведените мерки во овие кризни моменти, потенцираше Јовановски.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал