ВИДЕО: Се уште непознат победникот на претседателските избори во Црна Гора

Од:

Црногорската Државна изборна комисија денеска соопшти дека конечните резулати од вчерашните избори за претседател на Црна Гора ќе ги објави дури откако ќе го добие целиот гласачки материјал.

– Резулаттиате од изборите ќе бид аобјавени на нашата интеренте страница откако ќе го обработиме целиот гласачки материјал, соопшти Комисијата.

Комисијата досега, повеќе од 14 часа по затворањето на гласачките места, не објави дури ни нецелосни првични резултати од изборите.

Од друга страна, двајцата кандидати за претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ и Миодраг Лекиќ уште синоќа прогласија своја победа на изборите.

Вујановиќ соопшти дека освоил 51,3 отсто од гласовите, е неговиот противкандидат Лекиќ 48,7 проценти. Лекиќ од своја страна тврди дека освоил 50,0 отсто, а Вујановиќ 49,5 проценти.

Вујановиќ и Лекиќ, откако ја прогласија победата на претседателските избори ги повикаа своите приврзаници да бидат трпеливи и да се воздржат од славење се додека  Комисијата не ги соопшти конечните резултати од гласањето.

ДИК, согласно законот е должна во рок од најмногу 36 часа по затворањето на избирачките места да излезе во јавноста со прелиминарни резултати, што значи дека најдоцна до утре во осум часот ќе мора да ги соопшти првичните резултати.

Вујановиќ, кој е претседателски кандидат на Демократската партија на социјалистите и актуелен шеф на државата, изјави дека неговата победа е чиста, но ги повика своите приврзаници сепак да ги почекаат резултатите од ДИК.

Според Лекиќ прогласувањето  на победата од страна на Вујановиќ претставува државен удар.

– Им порачуваме дека кражбата нема да ја признаеме. Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на провокациите на ДПС, нагласи Лекиќ.

На претседателските избори во Црна Гора гласаа околу 64 отсто од избирачите. Вчерашните избори беа шесттите од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, односно втори по стекнувањето независност во 2006 година.

Претседателската функција во голем степен има церемонијална улога, но и покрај тоа, евентуалната победа на Лекиќ би претставувала сериозен удар за владејачката Демократска партија на социјалистите на Црна Гора, која е на власт над 20 години.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време