Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека има потпишано Меморандуми за соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и со СОС Детско село со цел спроведување добри практики и поткревање на јавната свест за општествено одговорно однесување.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека во соработка со „Пакомак“ почнуваат кампања за подигнување на јавната свест за заштита на природните водни ресурси, односно заштита на животната средина воопшто.
-Преку екопораките аплицирани на сметките издадени од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Ве повикуваме на совесно однесување и соодветно одлагање на отпадот, кој не треба да заврши во природата, стои во соопштението.
Од неодамна „Водовод и канализација“ – Скопје ја поддржува заложбата на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“.
– Уверени сме дека љубовта и грижата се неопходни за среќно и безгрижно детство, како што е водата за животот и затоа Ве повикуваме и Вас да ги поддржите оние на кои помошта им е најпотребна. Донирајте за децата без родителска грижа и оние во социјален ризик, за кои СОС Детско село се грижи, на следниот линк https://sos.org.mk/sos-
Граѓаните, исто така, со следење на упатствата во додатокот на мартовската сметка ќе имаат можност да се регистрираат како електронски корисник на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Електронскиот канал за наплата „Брзо плаќање“ на www.vodovod-skopje.com.mk, освен за домаќинствата, отсега е достапен и за правните лица.