Спасовски: Мерките што ги носиме се во насока на заштита на здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите

Од:

Врвен приоритет, како Влада, ни е здравјето и животот на граѓаните и на основа на тоа ги моделираме мерките што ги преземаме. Јасно е дека има и ќе има импликации по економијата, но донесовме еден, сега ќе следува и втор сет економски мерки, кои, заедно со мерките во заштитата на здравјето на граѓаните, имаат за цел максимално можно обезбедување на граѓаните и од двата аспекта во овие моменти, истакнал премиерот Оливер Спасовски на состанокот на Економско-социјалниот совет.

На состанокот, на кој присуствувале претставници и од синдикатите и од работодавачите, Спасовски порачал дека се носат внимателни одлуки и повикал на единство и сплотеност од сите.

– Нема да дозволиме политичко профитерство. Носиме и ќе носиме внимателни, но храбри и праведни одлуки. Важно е да имаме единство и сплотеност на што повикувам, за да излеземе со што помалку последици и како граѓани и како држава од оваа специфична ситуација во којашто се најде нашата земја, како и целиот свет, рекол Спасовски.

Од владината прес- служба информираат дека на состанокот биле сослушани проблемите со кои се соочуваат работниците и фирмите и била изразена заедничка определба за тесна соработка и меѓусебна поддршка за сите натамошни чекори што ќе треба да се преземат.

– На средбата е поздравена инклузивноста на премиерот и на Владата, кои прават широки консултации со цел заштита на здравјето на граѓаните, како и на нивната егзистенција и за одржувањето на функционалноста на економијата. Констатирано е заеднички дека секој во државата треба да направи што е можно повеќе за да се преброди овој кризен период, што би значело пред се здравствена и егзистенцијална заштита на граѓаните, работниците, фирмите, велат од владината прес- служба.

На седницата на Економско-социјалниот совет присуствувале и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.

Би можело да ве интересира

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски