ФЕД: Без работа би можеле да останат 47 милиони Американци

Од:

Милиони Американци веќе изгубија работа поради кризата со коронавирусот, но најголемата штета допрва претстои, кога според проценките на Федералните резерви на САД (ФЕД) работа ќе изгубат дури 47 милиони лица, што невработеноста ќе ја зголеми на 32,1 отсто.

Тоа би било најголема стапка на невработеност во САД од 1948 година, од кога и официјално се води оваа статистика. За време на Големата депресија, стапката на невработеност изнесувала 25 проценти.

Економистите од ФЕД во своите проекции вклучиле и висок ризик по работните места, кои можат да бидат изгубени поради владините мерки за ограничување на движење.

„Овие се многу високи бројки според историските стандарди, но оваа состојба е исто така уникатен шок, што се разликува од кој било друг што американската економија го доживеа во последните 100 години “, напиша економистот на ФЕД Мигел Фарија Кастро во блогот, објавен на веб-страницата на ФЕД.

Фарија забележува дека анализата не вклучува проекција на бројот на работници кои можеби веќе нема да бидат вклучени во категоријата на работна сила, што би резултирало со намалување на основната стапка на невработеност.

Исто така, не е земено предвид ниту влијанието на неодамнешните државни мерки за стимулирање на економијата, со кои се зголеми надоместот за невработени и субвенционирање на фирмите за намалување на бројот на отпуштања.

Досега, рекордни 3,3 милиони Американци по првпат поднесоа барање за надомест поради невработеност во седмицата, заклучно со 21 март.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски