Просечната цена на струјата за домаќинствата во втора половина лани 4.859 денари по KWh

Од:

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во второто полугодие на минатата година изнесуваше 4.859 денари по KWh, што претставува раст од 1,9 отсто во споредба со првото полугодие на 2019 година, објави Државнот завод за статистика.

Според објавените податоци просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движеше од 3.840 до 7.638 денари по KWh, по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движеше од 18.865 до 29.143 денари по nm3, по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесуваше 38.197 денари по nm3.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство