(ВИДЕО) Стојаноска: Со изборот при купување, секој од нас прави избор кон спас на македонската економија

Од:

„Пандемијата со корона вирусот ја стави Македонија пред уште еден предизвик. Да го победиме вирусот, но и да ја пребродиме економската криза. Македонските работници повторно се пред опасност за губење на работните места. Македонските компании се повторно пред опасност од затворање. Ние Македонците знаеме што значи тоа, знаеме што значи затворени погони, затворени фабрики и илјадници работници на улица, без работа и без плата“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да го превенираме економски колапс, затоа што само самите го можеме тоа. Да го превенираме економското пропаѓање на државата, затоа што закрепнувањето на економијата ќе биде болно и долгорочно. Можеби и повеќе и подолго од справувањето со пандемијата.

Пред безидејноста на власта за вистински, современи мерки, сега секој еден од нас е одговорен за да помогне во спречувањето на економската катастрофа. Сите ние сме дел од тој круг. Сите сме дел од трговијата и движењето на капиталот. Со изборот при купување, секој од нас прави избор кон спас на македонската економија, за спас на македонска компанија, спас на работно место за македонски работник. Ние, сите заедно, тоа го можеме. Едноставно купувајте македонски производи, производи со знакот за квалитет, за да продолжат со работа нашите компании, за да има работа за македонските работници.

Купувајте паметно. Купувајте македонски производи, затоа што ја сакаме Македонија“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски