Бројот на потврдени случаи со новиот коронавирус во Русија во последните 24 часа се зголеми за 228 и се искачи на 1.264.
Ковид-19 е потврден во 62 руски региони, а само во Москва се пријавени 114 новозаболени.
Додека Штабот за превенција од ширењето на новиот коронавирус соопшти дека оздравеле 49 луѓе, а едно лице починало во Москва.
Во Русија досега како последица од Ковид-19 починале четири лица.