Општина Ресен денеска продолжи со асфалтирање на улиците во градот кои се дел од локалната програма за улици и патишта.
Според градоначалникот Живко Гошаревски, градежните активности не може да се одлагаат и тие се од интерес на граѓаните.
– Свесни сме за вонредните околности со кои што се соочуваме предизвикани од коронавирусот, но исто така знаеме дека мора да се вршат и другите обврски во надлежност на локалната самоуправа. Денес беше поставен асфалт на улицата „Славејко Арсов“ која е во должина од 276 метри, а истовремено продолжува да се реконструира и улицата „Tаше Милошевски“ во должина од 256 метри, потврди Гошаревски.