Во 2019/2020 помалку основци и средношколци од минатата учебна година

Од:

На почетокот на учебната 2019/2020 година, бројот на ученици во редовните основни училишта изнесува 187 240, што е намалување за 0.5 отсто во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, на почетокот на тековната учебна година, во редовните средни училишта настава посетувале 69 980 ученици што е намалување за 2.3 проценти во однос на претходната учебна година.

Во објавата на ДЗС се содржани и податоци за редовни и специјални основни училишта, редовни, специјални и верски средни училишта, за бројот на основци и средношколци според возраста и полот по одделенија / години и податоци за странските јазици што ги изучуваат основците (прв и втор странски јазик) и средношколците (задолжителен, втор задолжителен и факултативен странски јазик).

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето