Дачиќ: Србија сака продолжување на преговорите со Приштина

Од:

Белград сака да го продолжи дијалогот со Приштина и е подготвен дури и на дирекни преговори со косовските претставници без посредништво на ЕУ, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ во интервју за парискиот весник „Монд“.

Дачиќ нагласува дека Србија не може да го прифати сегашниот предлог-договор што во вторникот ЕУ им го достави на Белград и на Приштина, но во исто време, според него, не може ниту да го одбие бидејќи во тој случај не би добила датум за почеток на преговорите членество во Унијата.

– Србија сака да се сврти кон иднината, односно да го реши прашањето со паралелните структури и да најде начин за интегрирање на Србите во приштинскиот систем. Но, предлозите од Косово се понижувачки, неприфатливи и неприменливи на теренот. Ситуацијата е речиси смешна. Не ни нудат ништо. Како да го прифатиме тоа, истакнува Дачиќ во интервјуто.

Според него, станува очигледно дека целта на преговорите била да се натераат Србите да прифатат се да биде во согласност со косовските закони.

– Штом е тоа толку лесно, зошто ме викаа да преговарам? (Косовскиот премиер Хашим) Тачи можеше да отиде на северот и сам да го реши проблемот. За тоа имаше 14 години, додава Дачиќ.

Запрашан дали до вторник кога истекува рокот што Брисле им го даде на Белград и Приштина за прифаќање на понудениот договор, може да биде постигнат компромис, Дачиќ одговара дека Србија не може да го прифати предлогот, додавајќи дека во според со него Планот на Ахтисари претставува „дар од Бога“.

Дачиќ оценува дека Србија се наоѓа „во жива кал во која тоне се подлабоко се секое движење“ и дека „никој не и пружа рака за помош“.

– Немаме поддршка како Тачи, кој зад себе ги има не само САД, туку и ЕУ. Ние сме целосно сами… Пред седум векови ја браневме Европа од Турците, а сега таа иста Европа на напушта… Тоа треба да се промени, истакнува Дачиќ во интервјуто за „Монд“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ