Ново истекување на радиоактивна вода од Фукушима

Од:

Од подзмените резрвоари на затворената јапонкса нуклеарна централа „Фукушима“ повторно истече радиоактивна вода, соопшти денеска претпријатието „Токио Електрик Пауер Компани“ (ТЕПКО), кое стопанисува со нуклеарката.

– Од резервоарот веројатно истекло минимално количество на вода, бидејќи не е забележано некакво намалување на нивото на водата во неговата внатрешност, се додава во соопштението.

ТЕПКО вчера соопшти дека од подземните резервоари на „Фукушима“ истекле 167 тони радиоактивна вода, која го контаминираше околното земјиште, но не достигна до океанот кој се наоѓа на околу 800 метри одалеченост.

Компанијата се уште не ги знае причините за истекувањето на водата која служи за ладење на реакторите на нуклеарката. Радиоактивноста на водата е проценета на 5.900 бекерели на сантиметар кубен.

Вчера истечената вода претставуваше само 1,5 проценти од вкупниот капацитет на резервоарите на нукеларката, поради што портпаролот на ТЕПКО, Масајуки Оно, најави дека компанијата планира во текот на следните две недели да ги испумпа преостанатите 13.000 кубни метри вода од рерзевоарите и да ги префрли во други скалдишта.

Нуклеарката „Фукушима“ не работи од хаваријата предизвикана за време на земјотресот и ударот на цунами бранот во март 2011 година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови