Две жени загинаа кога тракор во чија приколка се наоѓале 20 лица минувајќи преку река се превртел во речните води во околијата Девол во Албанија.
Како ѓто јави дописникот на МИА, несреќата се случила во близина на селото Брачај, а сите лица што се наоѓале во тракторската приколка биле роднини од селото Добрај кои оделе на погреб.
Во реонот меѓу двете села нема мост, па трактор ја минувал реката низ надојдените води. Во еден момент трактрот пропаднл во дупка и се превртел.
Во изминатите два дена во Албанија се случија две трагичи сообраќајни несреќи, при кои автомобили излетаа од коловозите и завршија во реки. Во првата несреќа загина млада брачан двојка, а во втората три момчиња.