Српската православна црква против понудениот договор со Приштина

Од:

Српската православна црква (СПЦ) се изјасни против прифаќањето на договорот што ЕУ им го понуди на Белград и Приштина на последната рунда од дијалогот меѓу двете страни, што во втроникот се одржа во Брисел.

Белград и Приштина имаат рок до вторник да и одговорат на Унијата дали го профаќаат договорот, со кој, според БТА, Србија ќе треба да се откаже од контролата над северно Косово, во замена за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Поглаварот на СПЦ, патријархот Иринеј во писмо испратено денеска до српкото раководство, нагласува дека „не треба да се откажат, да го продадат или да го предадат“ Косово поради „сомнително ветување“ за членство во ЕУ.

Во меѓу време, како што јави Б-92, во Белград продолжуваат консултациите на српкиот државен врв околу договорот. За утре е предвидена средба на српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и првиот вице-премиер Александар Вучиќ со лидерите на пратеничките групи во Собранието на Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ