Полесно повредени тројца припадници на Армијата

Од:

Тројца припадници на Армијата на Северна Македонија поминале со полесни повреди во сообраќајка која се случила на патот Богданици -Гевгелија. Најверојатно причината за незгодата се временските услови.

Како што соопшти МВР, вчера во 20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, поточно на место викано Лгот, патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот.

-Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“. Во незгодата со полесни повреди се здобиле тројца припадници од Армијата, по што биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување на лекарска помош, се наведува во соопштението.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ