Договорот е лош, а Приштина одбива да се согласи на какво било решение и од тоа нема отстапки. Со договорот не се постигна компромисно решение -истакна на седницата на министри, премиерот на Србија Ивица Дачиќ.
Тој најави дека ќе се одржи посебна седница на владата и коалицијата за Косово.
На седницата не присуствуваше потпретседателот на владата Александар Вучиќ, бидејќи во истото време имаше состанок со претседателот Томислав Николиќ.
Дачиќ истакна дека осмата рунда од преговорот била најтешка до сега и дека преговорите не успеале.
-Премиерот на седницата не предлагаше што било околу договорот. Не стануваше збор дали треба или не треба да се потпише договор. Никој од министрите не постави прашање. Тој по секоја рунда пренесува кои се резултатите од разговорот, а тоа го направи и сега. Се очекува посебен состанок поврзан само за прашањето за Косово-изјави анонимен извор за „Блиц“.
Елена Георгиевска