20-тина загинати и повеќе од 60 лица се ранети во истовремени напади врз две цркви во североисточна Кенија, во близина на границата со Сомалија.
Командантот на полицијата, Филип Ндоло, изјави дека вооружени напаѓачи ги извршиле нападите врз црквите во градот Гариса.
Одговорноста за овие напади, засега не ја презеде никој.
Сомалиските екстремисти изминатите месеци извршија неколку напади на територијата на Кенија, но овој е еден од најгрозоморните.
Гариса е град со 150 илјади жители, во кој живее претежно муслиманско население, но има и значителна популација на етнички Сомалијци, кој е користен како база за операција против бунтовниците во Сомалија поврзани со Ал Каеда.