Кина во април ќе лансира ново вселенско летало

Од:

Кина планира во април да лансира експериментално беспилотно летало, како дел од пошироката програма за летање, што ќе им овозможи на астронаутите да се префрлат во идна вселенска станица, објавија денеска државните кинески медиуми.

Вселенското летало на новата генерација е предвидено да го лансира својот прв лет од провинцијата Хаинан, на југот на островот, кон крајот на април, објави новинската агенција Ксинхуа, повикувајќи се на Кинеската вселенска агенција.

Вселенското летало се развива за работа на Кинеската вселенска станица и идните истражувања на вселената. Новото летало ќе биде поголемо од сегашните кинески вселенски летала во Шенжу и исто така ќе може да се користи повеќе пати, објави новинската агенција.

Со должина од 8,8 метри и тежина на полетување од 21,6 тони, леталото ќе може да носи шест астронаути, што е повеќе од максималниот капацитет на Шeнжу, кој може да пренесе три лица.

Истражувањето на вселената стана главен приоритет на Кина во последниве години, додека се обидува да ги стигне Русија и САД и да стане главна вселенска сила до 2030 година.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски