Израел на работ на уставна криза

Од:

Израел, се чини,  стигна до работ на уставна криза откако водечките лидери на конзервативната Ликуд партија на премиерот Бенјамин Нетанјаху апелираа до своите партиски колеги и до претседателот на парламентот да и се спротивстават на наредбата на Врховниот суд да се состане Кнесетот за да се гласа за неговиот наследник.

Претседателот на парламентот ( Кнесетот) Јули Еделштајн, од Ликуд, минатата недела ги суспендира сите парламентарни активности, повикувајќи се на процедурални прашања и ограничувањата за големи собири заради ширењето на заразата од коронавирусот.

Еделштајн вчера го отфрли повикот на судот да го образложи одложувањето на функционирањето на Кнесетот.

Судијката на Врховниот суд Естер Хајут одговори дека до среда ќе се одобри гласањето и предупреди дека „натамошното одбивање да се гласа на пленум во Кнесетот за изборот на постојан претседател ги поткопува темелите на демократскиот процес“.

Дури и по оваа наредба најмалку двајца министри од Ликуд го повикаа Еделштајн да се спротивстави, бидејќи тоа го сметаат за судски удар врз избраните израелски функционери.

Министерот за правда Јаир Левин кажа дека судот ги погазува принципите на поделба на власта и дека создава анархија, како и дека постапува како да ја поседува државата.

Ваквиот развој на настаните покажува дека се продлабочуваат несогласувањата меѓу приврзаниците на  Нетанјаху и неговите  противници по трите парламентарни избори во земјата за помалку од една година, на кои немаше јасен победник и серијата мерки преземени за да се спречи ширењето на заразата.

Опозицискиот сојуз на партиите од центарот Сино и бело има тесно мнозинство во новоизбраниот парламент и смета дека тоа тело мора да продолжи да функционира во кризно време за да се обезбеди контрола врз владата. Сојузот ги обвинува преодната влада и Нетанјаху дека воведува недемократски мерки и ги користи како покритие за да остане не власта.

Нетанаху веќе успеа да му се одложи судењето заради обвинувањата за корупција закажано за 17 март, и одобри електронско надгледување на израелските граѓани , што е потег без преседан.

И покрај загриженоста од заразата Израелците излегоа на улиците да протестираат против нападот врз демократијата.

Очекувањата се дека Сино и бело, на Бени Ганц, ќе успее да избере нов претседател на парламентот и парламентарното мнозинство ќе го искористи за донесување закони  со кои ќе се спречи Нетанјаху во иднина повторно да биде премиер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Катерина Ѓуровски

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски