Организацијата за европска безбедност и соработка соопшти дека ќе прати неколку стотици набљудувачи на парламентарните избори во Албанија.
Во мисијата на ОБСЕ ќе бидат 30 долгорочни и 400 краткорочни набљудувачи. Тоа ќе биде 11-ти избори во Албанија, кои ќе ги надгледува организацијата.
Регистрираните избирачи ќе имаат можност на 23-ти јуни да изберат 140 пратеници чиј мандат ќе трае четири години, пренесе „Асошиејтед прес“.
Елена Георгиевска