Преку продажба на фалсификувана роба на друштвените мрежи и интернет сајтовите за огласување, А.Д (30) од Белград и лицата М.Ж, и Љ.П. од Крагуевац, противправно заработиле по 10.000 евра соопшти српското министерство за внатрешни работи.
Полицијата по претресот на нивните станови запленила компјутерска опрема, фалсификувани патики „Најк“ и интерна евиденција за продажбата како и пари.
Секој од осомничените во текот на минатата година продал роба вредна од 30 до 50 илјади евра и остварил заработка од над 10.000 евра.