Во кошаркарската Суперлига за вечерва се закажани трите натпревари од вториот круг.
Куманово и МЗТ Скопје ќе играат реприза од Куп-финалето, Работнички гостува на Кожув без победа во меѓусебните дуели сезонава, а Фени вторпат годинава ќе гостува на Лирија, како единствен клуб досега, кој славеше во Сарај.
Почетокот на дербито во Куманово е во 19 часот, во истиот термин во Гевгелија ќе играат Кожув – Работнички, а половина час порано (18:30) Лирија го пречекува Фени Индустри.
Табела: Работнички 2 бода, Фени Индустри 2, МЗТ Скопје Аеродром 2, Кожув 1, Куманово 1, Лирија 1.